Пентагон се дистанцира од заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе бомбардира ирански културни објекти независно од меѓународната забрана за такви напади.
Министерот за одбрана Марк Еспер изјави дека САД ќе ги почитуваат законите за вооружени конфликти.
На прашање дали тоа исклучува бомбардирање културни објекти, Еспер одговори: Такви се законите за вооружени конфликти.
Различните ставови меѓу претседателот на САД и на шефот на Пентагон се во момент на зголемени тензии со Техеран по воздушниот удар во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. Трамп двапати предупреди дека ќе нападне ирански културни објекти ако Техеран изврши удари врз САД.
Согласно Хашка конвенција од 1954 година, државите треба да „преземат секакви можни мерки” за заштита на културни објекти и треба да се воздржат од „какви било непријателски акции врз такви објекти”.