Путин се капеше во ледена вода за Водици, годинава без фотографии

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот учествуваше во Богојавленското капење. Тоа го направи надвор од Москва“, рече Песков и додаде дека Путин „следи лична традиција“, пренесува ТАСС.

Посочи дека годинава нема да има фотографии и видеа.

Треба да знаете
Последни објави