Mлади жители на Антиполо, град на Филипините, избегнаа голема нeсреќа откако решиле Новата година да ја дочекаат на локалниот панаѓур.
Имено, возењето на рингишпил можеше да биде фатално за триесетина млади момчиња и девојки.
Механизмот на овој забавен реквизит се распаднал среде вртење, а видеото покажува дека една клупа излета заедно со посетителите кои се возеа во неа.
Откачена клупа делумно го блокираше неконтролираното движење на другите, па во инцидентот двајца посетители се само полесно повредени.