Камерон Дијаз стана мајка за прв пат

Камерон Дијаз и Бенџи Мејден го дочекаа своето прво дете, ќерката Радикс.

Актерката се огласи на социјалните медиуми за да ја соопшти убавата вест но не сподели дополнителни детали.

47-годишната Камерон  изминатиот викенд објави на Инстаграм дека ќерката Радикс пристигнала во семејството на почетокот на 2020 година.

Актерката и музичарот Бенџи двајцата ја споделија веста на нивните Инстаграми.

Објавата гласи: „Среќна Нова Година ви посакуваат Мејденови! Ние сме многу среќни, благословени и благодарни што новата деценија ја започнуваме со раѓањето на нашата ќерка, Радикс Мејден.“

„Таа веднаш ни ги украде срцата и не направи комплетно семејство. Пресреќни сме што ја делиме нашата радост со вас, но исто така сакаме да ја заштитиме нашата приватност. Нема да објавуваме фотографии од бебето, ниту информации, освен дека е многу слатка. Ви посакуваме се најдобро, среќна Нова Година и нова деценија“, напиша Камерон на Инстаграм.

Бенџи и Камерон секогаш го чуваа својот брак далеку од очите на јавноста.

Камерон во 2018 година се повлече од глума за да се фокусира на нејзиниот брак со Бенџи.

Нејзината пријателка  и актерка Селма Блер зборуваше за одлуката на Камерон да се повлече од актерство во интервјуза Vanity Fair.

„Камерон не треба да снима филмови. Има одличен живот. Не знам зошто би се враќала назад. Таа е среќна,“ изјави Селма во интервјуто.

 

Треба да знаете
Последни објави