На социјалните мрежи е објавено видео во кое двајца тинејџери возат во регионот најпогоден од пожарите во Австралија, пронаоѓаат коали и ги ставаат на безбедно во автомобил.
Кратката снимка во која е прикажан автомобил полн со коали, е снимена на островот Кенгур.
Двајца тинејџери Михаја (19) и Калеб (18), решиле да дадат свој придонес. Според некои процени, во автомобилот се наоѓале околу 20 коали.
Меѓу нив имало и бебиња и мајки со деца.
Според зборовите на момчињата, покрај тоа што ги спасиле, тие ќе се грижат за нив сè додека не бидат подготвени да се вратат во дивината.