Над 450 деца Роми чии што семејства се во социјален ризик се ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка, во рамки на блок дотациите што локалните самоуправи ги добиваат од Министерството за труд и социјална политика. Почнувајќи од декември 2018, Министерството за труд и социјална политика, системски ја решава инклузијата на деца Роми со вклучување на единиците на локална самоуправа, како дел од зацртаните цели од Националната Стратегија за Роми 2014-2020.
Раниот детски развој е основата за понатамошниот развој и едукација на секој поединец и токму затоа МТСП изминатите две и пол години посветено и силно работи на вложување во раниот детски развој. Инвестирано е во вкупно 43 градинки, а истовремено се јакнат и професионалните компетенции на воспитувачите, преку различни програми но и со зголемување на платите. Само во текот на минатат година платите на вработените во градинките се зголемени за 26%.