Најмалку тројца загинати во силна експлозија во близина на Парламентот во Могадишу

 Најмалку тројца загинаа, а шестмина се повредени во експлозија на автомобил-бомба на контролниот пункт во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Силна експлозија се случи утрово во близина на Парламентот во Могадишу.

Градоначалникот на Могадишу, Салах Омар наведе дека бомбата која била прикачена на возилото била активирана со далечински управувач.

Могадишу често е мета на напади на екстремистичката група Ал Шабаб, поврзани со Ал Каеда.
Во нападот на исламистичката група Ал Шабаб кон крајот на декември во главниот град на Сомалија загинаа 81 лице.

Треба да знаете
Последни објави