Трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед загуби на „Олд Трафорд“ од градскиот ривал Манчестер сити со 3:1 во првиот полуфинален натпревар од Лига куп. Трите гола Јунајтед ги прими во првото полувреме што му се немаше случено на „Олд Трафорд“ од 1997 година. Пред 23 години „црвените ѓаволи“ тогаш трипати капитулираа во првиот дел на дуелот со Миделсбро.
Оваа „шлаканица“ за играчите на Манчестер јунајтед е пожешка кога се има во предвид дека на реваншот на 29 јануари на „Етихад“ кај градскиот ривал ќе имаат ѓаволиски тешка задача да ја анулираат предноста на противникот и да се изборат за настап во финалето.