Санчез положи заклетва како нов шпански премиер

Шпанскиот социјалистички лидер, Педро Санчез, денеска положи заклетва како премиер на Шпанија, еден ден откако во парламентот беше изгласан неговиот предлог за коалиција, благодарение на поддршката од помалите партии.

Тој положи заклетва пред шпанскиот крал Филип Шести, а членовите на новата влада планира да ги претстави следната недела, соопшти неговата Социјалистичка партија, а пренесе агенцијата АП.

Во новата влада ќе бидат вклучени и членови на партијата „Обединети можеме“, која исто така е помал партнер во владата, додека лидерот на оваа партија Пабло Иглесијас ќе биде вицепремиер.

Шпанија е последна земја што треба да го ратификува Протоколот за НАТО, по што Македонија и официјално ќе биде прогласена за полноправна членка во НАТО. Оваа процедура досега беше блокирана поради политичкиот ќор-сокак во Шпанија кој траеше скоро една година.

Со формирањето на новата шпанска влада се очекува и брза ратификација на Протоколот.

Треба да знаете
Последни објави