Македонските фудбалски надежи до 17 години ги дознаа противниците во евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година ќе ги почне во група со Франција, Исланд и Луксембург, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Термини за одигрување на квалификациските турнири се идната пролет и есен, а пласман во елитната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во 13-те квалификациски групи, како и уште четири најдобро третопласирани тимови.

Домаќин на Европското првенство во мај 2023 година ќе биде Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави