Кралското семејство повредено поради одлуката на принцот Хари и Меган да се повлечат

Кралското семејство соопшти дека е повредено по објавата на војводата и војвотката од Сасекс дека ќе се повлечат од своите кралски функции.

Како што пренесува Би-би-си, принцот Хари и Меган не се консултирале со никого од кралското семејство пред да ја соопштат нивната одлука.

„Бакингамската палата беше слепа“ рекол Џони Дајмонд, претставник на кралското семејство, во врска со идните чекори на брачната двојка.

Палатата соопшти дека се работи за комплицирани прашања низ кои мора да поминат.

Принцот Хари и Меган вчера преку соопштение објавија дека по повеќемесечни размислувања и меѓусебни дискусии, одлучиле да го напуштат кралското семејство и да работат за да бидат финансиски независни.

Треба да знаете
Последни објави