На 07.01.2020 во СВР Битола, Б.М. од Република Турција пријавил дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен. Според пријавеното, тој преку Фејсбук стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција.
Исто така, според пријавата, тие оствариле средба во Р.С. Македонија и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот.
Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите.
Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил Фејсбук профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.