Американската хеви метал група „Металика“ вети дека ќе донира повеќе од 500 000 американски долари (750 000 австралиски) во обид да помогне во гасењето на пожарите во Австралија. Нивната донација ќе биде испратена до NSW Rural Fire Service и Victoria’s Country Fire Authority (CFA).
„Целосно сме преплавени со вестите за пожарите кои се простираат на милиони хектари низ Австралија, а кои имаат големо влијание на Нов Јужен Велс и Викторија. Настанатото разорување и погубните ефекти врз сите жители, животни, околината и неверојатната земја Австралија се навистина срцепарателни“, се вели во соопштението на групата.
https://www.instagram.com/p/B7CpqddHeEo/?utm_source=ig_web_copy_link
Во исто време, британскиот музичар Елтон Џон донираше милион долари на фондот за санирање на последиците од пожарите што ја погодија Австралија. Легендарниот уметник настапи во Сиднеј во рамки на турнејата што ја продолжи во 2020 година.
„Сите треба да се восхитуваме на пожарникарите за она што го прават. Има луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да ги зачуваат своите домови, а има и такви кои ги загубија животите и домовите“, рече тој пред публиката, пренесува НМЕ.