Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, тројно пониско е нивото на реката Струмица кај Ново Село, а намалени водостои имаат и Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Црна Река кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка и Сатеска кај Ботун.
Единствено повисоко ниво на водата е измерено на реката Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија.
Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се речиси идентични со просекот за јануари.