Норвешката влада соопшти дека ќе преземе повеќе од 600 баратели на азил евакуирани во Руанда од центрите во Либан, бидејќи на тој начин сака да го спречи понекогаш смртоносниот шверц на мигранти низ Медитеранот.
Норвешкиот министер за правда и имиграција Јоаран Калмир изјави дека е важно за него да испрати сигнал дека земјата не поддржува рути за шверц и дека сака организирано да доведе луѓе на кои им е потребна заштита, пренесува АП.
„Тоа е причината зошто владата одлучи да преземе 600 бегалци од Либaн во 2020 година, од вкупно 800 од транзитниот центар во Руанда“, рече норвешкиот министер.