Регионалниот суд во Минхен денеска ја одби жалбата на германски ветеринар обвинет за смртта на дресиран коњ од шампионско потекло, кој припаѓал на член на семејството Сваровски.
Судот во Минхен ја одбил жалбата против пресудата на понизок суд донеснеа минатата година, според која ветеринарот се обврзува да плати 250.000 евра на сопственичката на коњот, Евелин Хаим Сваровски, поради ненавремено известување за ризиците од спроведениот третман, пренесе агенцијата АП.
Тој е обвинет дека во кобилата Дона, која се подготвувала за настап на Олимписките игри во Лонодон во 2010 година, инјектирал хомеопатска супстанција за лекување на настинка.
Наследничката на Сваровски, која е дресер на коњи, првично бараше отштета од 1,75 милиони евра поради ваквиот пропуст.