Страшевски под лупа на Адвокатската комора

Адвокатската комора на Република Северна Македонија по прибирањето на сите материјали во врска со преписките меѓу Основниот кривичен суд Скопје и адвокатот Јовица Страшевски ќе ги предаде на дисциплински органи на Комората, кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокатот.

– На ден 09.01.2020 година, Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предмет познат во јавноста како „ТНТ”. Исто така на ден 09.01.2020 година Адвокатската комора прими Барање од Судот со прилог Известување на адвокатот Јовица Страшевски од Скопје за негово заминување на годишен одмор во периодот од 08.01.2020 до 17.01.2020, за кое судот смета дека е насочено исклучиво кон одолговлекување и опструирање на кривичната постапка и за кое бара од Комората да преземе конкретни дејствија за негово санкционирање, се наведува во соопштението од Адвокатската комора.

Од Адвокатската комора на РСМ наведуваат дека по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.

Треба да знаете
Последни објави