Околу 250 милиони Индијци штрајкуваат против економската политика на власта

Речиси 250 милиони работници штрајкуваат во Индија во знак на протест против економската политика на претседателот Моди.

Банкарскиот и други сектори на економијата низ Индија претрпеа штета бидејќи милиони работници излегоа на протест против економската политика на хинду-националистичката влада, особено против планираните продажби на државни компании, вклучително и Ер Индија.

Масовниот протест е насочен против она што синдикатите го нарекоа „политика против работниците и народот” на десничарскиот премиер Нарендра Моди.

Демонстрантите излегоа на улиците на Њу Делхи и неколку поголеми градови, одговарајќи на повикот за штрајк од 10 работнички синдикати. Тие го насочија гневот на јавноста кон неодамнешната приватизација на јавните компании и природните ресурси на земјата бараа зголемување на минималната плата и пензиите.

Земјоделци и студенти учествуваа на некои од протестите свикани од 10-те синдикати, на кои има повеќе од 250 милиони членови.

Автобусите и железницата и државните банки го понесоа товарот на националниот штрајк што се случи и покрај предупредувањата на владата за „последици” за сите вклучени во него.

Имаше немири во Западен Бенгал откако полицијата пукаше во воздух, распрснувајќи ги демонстрантите кои запалија полициски возила и фрлаа камења кон полицијата.

Полицијата соопшти дека се извршени повеќе од 150 апсења. Од штрајкот беа погодени и источните држави Бихар и Одиша, Махараштра на запад, Харијана на север и Керала и Карната. Амариет Каур, водач на синдикатот, рече дека работниците се против предложената продажба на природни ресурси и државни средства. Демонстрантите извикуваа пароли против новиот закон на владата, велејќи дека тој е антимуслимански и предизвикува протести и демонстрации.

Треба да знаете
Последни објави