Четворица турски војници загинале во експлозија на североистокот од Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „Спутник“.
„Во експлозија на миниран автомобил на 8 јануари, во подрачјето во кое се изведува операцијата „Извор на мирот“, при патролирање загинаа четворица наши војници“, соопшти турскиот воен ресор.
Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган потпишаа Меморандум за разбирање во 10 точки на 22 октомври минатата година . Во него, меѓу другото, се вели дека на сириската страна од сириско-турската раница, надвор од турската операција „Извор на мирот“, се воведуваат единици на руската воена полиција и сириската погранична служба.
Тие единици помагаа при повлекувањето на курдските единици и нивното вооружување на 30 километри од сириско-турската граница. Од тој момент почна заедничкото руско-турско патролирање во длабочина од 10 километри од границата кон запад и кон исток од областа во која се изведува турската операција, освен градот Ќамишли.