Во шпанската Влада ќе има петмина министри од партијата Обединети можеме

Новата шпанска коалициска Влада соопшти дека ќе има пет члена на левичарската партија Обединети можеме.

Владата на премиерот Педро Санчез денеска ги објави имињата на четворицата министри од партијата Обединети можеме, а имињата на преостанатите министри на кабинетот, за кои се очекува да бидат од редовите на социјалистите, ќе бидат објавени наредните денови.

Владата соопшти дека ќе има уште тројца вицепремиери и дека сите ќе бидат жени.

Лидерот на партијата Обединети можеме Пабло Иглесијас ќе биде вицепремиер задолжен за социјални права и одржлив развој.

Неговата сопартијка и сопруга Ирене Монтеро ќе биде министерка за еднаквост.

Јоланда Диас ќе биде министерка за труд, Алберто Гарсон ќе биде назначен за министер за потрошувачка и Мануел Кастелес за министер за универзитети.

Треба да знаете
Последни објави