Германец починал по четири години откако колега му ставил отров во сендвичот

Дваесет и шестгодишно момче во Германија почина четири години откако изел сендвич во кој неговиот колега ставил жива.

Германската новинска агенција ДПА објави дека момчето починало денес, откако било во кома четири години. Тој бил отруен од Клаус О. (57), кој минатиот март беше осуден на доживотен затвор, откако беше прогласен за виновен за обид за убиство. Тој подоцна ја обжали пресудата.

Клаус О. неколку години ја труел храната на своите колеги со жива и други токсични материи, по што едниот од нив завршил во кома, а двајца други се здобиле со сериозно оштетување на бубрезите.

Тој беше уапсен во мај 2018 година. Полицијата тогаш соопшти дека безбедносните камери во фабриката во градот Шлос Холт-Стукенброк го фатиле Клаус како става прашеста супстанца во ручекот на еден од своите колеги, а подоцна истата супстанца била најдена во неговата торба.

Испитувањата покажале дека супстанцата е оловен ацетат во доволна количина да предизвика сериозно оштетување на бубрезите.

Во станот на Клаус биле пронајдени жива, олово и кадмиум, врз основа на што полицијата рече дека тој долго време се обидувал да произведе отровни супстанци.

Клаус О. одби да зборува за време на судењето, па мотивот за злосторството останува непознат.

Според затворскиот експерт за ментално здравје, тој сакал да види како отровот ќе влијае на неговите колеги.

Треба да знаете
Последни објави