СДСМ го очекува тежок пораз на предвремените парламентарни избори. Затоа СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите.
На Бихаќка владее страв дека преку делувањето на техничките министри и заменици министи ќе излезат на виделина сите злоупотреби и манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев.
Затоа Ангеловска со наредба им забрани на вработените во министерството за финансии да комуницираат со дополнителната заменик министерка, Гордана Димитриеска-Кочоска. Целта на овие опструкции е да не се откријат злоупотребите на парите на граѓаните кои веќе три години, преку криминалнте тендери и грантови, завршуваа во џебовите на партиски послушници од СДСМ.
Нарачаните антисемитски напади врз министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи беа заради откривање на скандалот со дополнителните 4.603 нови нерешени барања за надоместок за помош на нега од трето лице, со што вкупниот број се искачи на 11.514 нерешени предмети. Ова е уште една потврда за неспособноста и неработата на Владата предводена од СДСМ.
Заменик министерката во министерството за информатичко општество и администрација, Невена Стаменковска Стојковски, обелодени дека за период од само 2 месеци се распишани огласи за вкупно 4.131 работно место во јавната администрација и државните претпријатија. Власта е фатена во очајнички обид за партизација на администрацијата пред парламентарните избори.
Опструкциите, ниските удари, лажните вести и манипулациите нема да ја продолжат политичката кариера на Зоран Заев. Крајот е близу, граѓаните на 12 април ќе изберат обнова на Македонија.