Жена од Вест Палм Бич, САД, минатата година родила две двојки близнаци, јави телевизискиот канал ВПТВ.
Имено, во март минатата година Александрија Волистон родила две момчиња – Марк и Малакај. Три месеци подоцна таа направила тест и прегледот установил дека не само што повторно е бремена, туку и повторно носи близнаци.
Така, на 27 декември се родиле и другите две синчиња – Кејлон и Кејлеб. Волистон ја има и тригодишната ќерка Армани. Таа добро ја подготвила за многудетно семејство, „бидејќи била палава колку за две деца”, како што вели гордата мајка.
– Близнаците се мојот џек-пот, вели таа.
Жената неодамна дознала дека и двете нејзини баби барем еднаш загубиле близнаци при породување.