Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски информирша дека се собрани пари за операција на дете во Турција.
-“Успеавме! Собрани се потребните 15 илјади евра за операција на малиот Ангел во Истанбул. На 20-ти јануари семејството патува за Турција. Денеска во мојот кабинет ги испратив со желба Ангел побрзо да оздрави и да се видиме штом се вратат.
Успеавме! Собрани се потребните 15 илјади евра за операција на малиот Ангел во Истанбул. На 20-ти јануари семејството патува за Турција. Денеска во мојот кабинет ги испратив со желба Ангел побрзо да оздрави и да се видиме штом се вратат. Им донирав симболична сума од мојата плата. Јас како градоначалник и општина Ѓорче Петров и понатаму ќе излегуваме во пресрет на наши сограѓани кои имаат потреба од помош. Голема благодарност до фирмите и граѓаните кои се одзваа на апелите и донираа за Ангел. Повторно покажавме општествена одговорност и хуманост, напиша Наумовски.