Украина испрати протестна нота до Русија поради посетата на Путин на Крим

Украинското Министерство за надворешни работи ѝ упати протестна нота на руската страна во врска со посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Крим, за време на која тој ги набљудуваше заедничките вежби на руската Црноморска и Северна флота во Црното Море.

Украина испрати протестна нота до Русија затоа што смета дека недоговорената посета на Путин на привремено окупираниот Крим за да ги следи нелегалните вежби на руската флота и лансирањето ракети е уште едно грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во соопштението на украинската амбасада во Србија се вели дека се неприфатливи посетите на руски службеници на територијата на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, без претходно да се договорени со украинската страна.

Ова, посочуваат, е грубо кршење на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, и покрај општо признатите норми и принципи на меѓународното право.

Треба да знаете
Последни објави