Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти со ново писмо, во кое бара во најкраток рок да го информира кој ќе биде мандатарот од неговата партија, како победничка на октомврските парламентарни избори, за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Забележувајќи му за доцнењето во процедурите, Тачи го прашува Курти дали ја одбива неговата понуда за именување мандатар, за да може да го додели мандатот на друга партија, согласно уставните и законските одредби.
– Како претседател на Република Косово обврзан сум да преземам без доцнење натамошни дејствија, следејќи ги сите уставни чекори со цел граѓаните на Република Косово да ја добијат што поскоро својата влада. Имајќи ги предвид демократските принципи, транспарентноста и политичката коректност, ви ја дадов можноста и постојано барав од вас да предложите кандидат/ка за премиер, се вели во писмото на Тачи, во кое се напоменува дека, согласно законите, „не е исклучено една партија или коалиција да одбие да го прими мандатот.