Фон дер Лајен: Мораме да најдеме начин како преговорите со Скопје да течат паралено со внатрешните реформи во ЕУ

Проширувањето на Европската Унија и отворањето на преговори за членство на Северна Македонија беше една од темите на состанокот на хрватската Влада и Европската комисија.

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, на прес – конференцијата по состанокот претседателката на Европскта комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека за Унијата е многу значајна соработката со Западен Балкан, а со тоа очекува и позитивни придвижувања во насока на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Мораме да најдеме начин паралелно да се одвиваат преговорите со Северна Македонија и Албанија и внатрешните реформи во Евроспката Унија. Набрзо ќе биде објавен новиот предлог за методологијата на преговори за членство во ЕУ, изјави фон Дер Лајен.

Од своја страна и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека отворањето преговори со Северна Македонија ќе биде многу високо во приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ. Во таа насока тој најави дека во Загреб ќе бидат поканети лидерите на земјите од Западен Балкан со цел да се афирмира европската перспектива на овие држави.

Инаку, теми на состанокот се актурелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген.

Треба да знаете
Последни објави