Ивица Бисовски е новоназначениот командир на Единицата за специјални задачи „Тигар“ на местото на досегашниот прв човек на специјалците, Митко Даневски, дознава „А1он“.
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во изјава за „А1он“ потврди дека Бисовски е именуван по негов предлог.
Иако со назначувањето на Бисовски, споед Чулев се комплетира листата од 15 сектори кои добија нови командири, заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопјена местото на Тони Јакимовски.
Како што јави „Алсат М“, Петровска појаснила дека добила вкупно 11 решенија, од кои потпишала 10, а го дисквалификувала Ставревски. Тој не бил прифатлив оти се слушнал во бомбите за изборни нерегуларности и бил сведок во случајот на СЈО „Тенк“.
Според назначените промени, началник на СВР Велес наместо Злате Јаневски, ќе биде Игор Ангеловски, во СВР Струмица со полицијата ќе раководи Васко Тодоров, во Штип командир ќе биде Александар Николов, а во Охрид на местото на Сашо Смилески, ќе биде Илија Милески и во СВР Битола, каде што прв човек ќе биде Андреј Василевски.
Министерот за внатрешни работи потврди дека промени направил и во одделот за сузбивање организиран криминал, каде што го назначи Александар Јанев, во Интерветната единица на СВР Скопје, со која ќе раководи Васко Наумовски, во одделот за телекомуникации, каде што го именувал Здравко Стојков за помошник-министер, во одделот за внатрешна контрола, каде што именуван е
Филип Филиповски и во одделот за специјални полициски операции, со кој ќе раководи Сашо Зенговски.