Опра Винфри ги демантира наводите дека ги советувала Меган Маркл и принцот Хари да ги напуштат своите функции како високи членови на кралското семејство.
Неколку часа откако се појавија написите во медиумите, според кои Винфри е една од пријателите кои ги советувале Меган Маркл и принцот Хари да се откажат од своите функции во монархијата, таа го негираше ова тврдење.
Според Page Six, 65-годишната Винфри, наводно, била првата личност со која Хари (35) и Меган (38) разговарале за нивното заминување, но таа вели дека тоа не е точно.
Винфри присуствуваше на свадбата на двојката во мај 2018 година, но таа јасно стави до знаење дека не им е потребна помош.
Извор во оригиналниот напис тврди: „Опра беше првата личност што разговараше со Хари и Меган за да се ослободат и да се занимаваат со свои работи, градејќи се на својот бренд. Таа ги натера да сфатат дека тоа е навистина можно“.
Винфри изјави за People дека на Меган и Хари не им треба нејзина помош да сфатат што е најдобро за нив.
„Јас ги сакам и поддржувам какви било одлуки што тие ги носат за своето семејство“, додаде Винфри.
Во септември беше потврдено дека принцот Хари се здружил со Опра за нова серија стриминг услуги на Apple TV Plus, со фокус на ментално здравје. Таблоидите исто така тврдат дека и други познати личности – пријатели на кралската двојка како на пример Џорџ Клуни и семејството Обама разговарале со нив на истата тема, но ваквите наводи не се потвдени.
Хари и Меган во бомбастично соопштение во средата ги наведоа своите планови да живеат на релација Велика Британија – Северна Америка.
Официјалните титули на кралската двојка се војвода и војвотка од Сасекс, а тие ја имаат заштитено трговската марка Sussex Royal (Сасекс Ројал) која остварува предвидени приходи од 500 милиони долари.