– САД денеска соопштија дека нема да го разгледуваат прашањето за повлекување на своите војници од Ирак откако ирачкиот премиер пред два дена го замоли Вашингтон да испрати делегација за да се договорат условите за повлекувањето, јавија француските медиуми.
-Секоја делегација што ќе биде испратена во Ирак ќе биде посветена на разгледување на прашањето како најдобро повторно да се договори нашето стратегиско партнерство. Не да го разгледуваме повлекувањето на војниците, туку нашето правилно, актуелно разместување на силите во Блискиот исток, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегас.