ехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, пред два дена испратил телеграма до сите раководители на организациските единици во рамките на МВР да не ги врачуваат решенијата за распределување работници што ги потпишал неговиот претходник Оливер Спасовски.
Во телеграмата Чулев им посочува да почекаат да добијат насоки за понатамошно постапување.
Дополнителната заменичка Славјанка Петровска, пак, истиот ден му пишала на Чулев дека во телеграмата не навел која е законската основа за таквото барање до раководителите.
„Ве известувам дека не е наведен законски основ врз основ на кој се бара да не им се врачуваат решенијата. Истовремено укажувам дека поединечен правен акт донесен врз основа на закон не може да се суспендира со телеграма“,
пишала Петровска во писмото до Чулев.
Ова не е прв судир на Чулев и Петровска откако на 3 јануари ги добија функциите во техничката влада.
Целиот текст прочитајте го ТУКА