Jувентус го мами Донарума со солидна плата

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да ја продолжи кариерата во Јувентус, објави „Спорт Медијасет”. Според изворите, во текот на летото „старата дама” ќе му понуди на 20-годишниот голман петгодишен договор и плата од 9 милиони евра, со вклучена опција за зголемување на надоместокот.

Управата на Јувентус се надева дека ќе ги искористи своите добри односи со агентот на играчот – Мино Рајола, кој помогна за трансферот на Матаис де Лихт во Јуве во текот на летото. Договорот на Донарума со Милан е до летото 2021 година. Тој во моментов заработува 6 милиони евра за сезона во тимот на „росонерите”.

Во моментов прв голман на „бјанконерите” е Војчех Шчесни, но тимскиот ментор Маурисио Сари се надева дека ќе работи со талентираниот Донарума. 20-годишниот голман би можел да биде „трансфер за иднината” и да стане клучна фигура во тимот од Торино.

Треба да знаете
Последни објави