Полесен тренинг за македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација попладнево во Виена одржа полесен тренинг во пресрет на утрешниот натпревар со Чешка во второто коло од Б-групата на Европското првенство.

Здравствениот билтен во репрезентацијата е добар и селекторот Данило Брестовац нема проблеми со повредени играчи по вчерашниот тежок дуел со Украина.

„Црвено-жолтите” тренираа во „Штадхале” во Виена каде утре од 16 часот се среќаваат со Чешка, можеби во мечот кој ќе одлучи за патникот во следната фаза од оваа група.

Треба да знаете
Последни објави