Интер не успеа да слави против Аталанта на „Џузепе Меаца“, а треба да му заблагодари на голманот Самир Хандановиќ што на крајот освои и бод, играјќи 1-1.
„Нероаѕурите“ поведоа со голот на Лаутаро Мартинез на самиот старт, во четвртата минута, но избраниците на Антонио Конте паднаа во финишот.
Во 75.минута Аталанта израмни со голот на Робин Госенс, а во 88.минута гостите имаа шанса и за комплетен пресврт и триумф. Беше досуден пенал, но Самир Хандановиќ успеа да го одбрани ударот од белата точка на Луис Мјуриел.
Интер со 46 бода се наоѓа на врвот на табелата во Серија А, Јувентус има бод помалу, а утре и гостува на Рома на „Олимпико“.