Реал победник на Суеркупот откако на пенали го победи Атлетико

Екипата на Реал Мадрид дојде до титула во шпанскиот Суперкуп, кој годинава се играше во Саудиска Арабија, откако во финалето со градскиот ривал Атлетико Мадрид беше поуспешен по изведувањето на пеналите (0-0 регуларен дел и продолженија, 4-1 по пенали).

На овој начин Диего Симеоне ја продолжи неславната традиција неговиот клуб да ги губи финалнит натпревари против Реал под водство на Зинедин Зидан, по двата порази во ЛШ.

 

 

Реал не промаши ниту еден пенал, односно погоди дури четири додека кај Атлетико само Трипие постигна гол и не беше доволно да го одржи неговиот тим во серијата, па капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос им ја донесе победата во четвртата серија удари.

Регуларниот дел од мечот на двата мадридски ривали мина со големо надигрување и шанси, кои не беа искористени пред се поради одличните рефлекси на Тибо Куртоа, односно Јан Облак. Реал Мадрид имаше поголем дел од шансите, меѓутоа обидите на „кралевите“ или завршуваа во Словенецот, или крај стативите.

Атлетико беше поактивен во последните десет минути, арно ама не се најде пат до мрежата на Куртоа. Најдобрата одбрана ја имаше Облак, во 92. минута, кога со спектакуларна одбрана го сочува својот гол по шут на Родриго.

Во додатните 30 минути, Облак повторно имаше добра интервенција во 110. минута, а останатиот дел од продолжението мина во знакот на Атлетико, кој имаше играч повеќе поради исклучувањето на Валверде од Реал Мадрид, кој со старт врз Алваро Мората од зад грб спречи можеби чист гол во мрежата на „кралевите“. Две добри прилики за гол пропушти Анхел Кореа, прво во 118. минута, а потоа во 120. минута, благодарение на Куртоа.

Треба да знаете
Последни објави