По долго време Бен Афлек проговори за деталите од односот со пејачката Џенифер Лопез, а призна и дека не може да престане да се прашува во што е тајната на нејзината убавина поради тоа што таа изгледа исто како во 2003 година.
И, не се единствени затоа што токму тоа е прашањето кое што си го поставува и поранешниот вереник на Лопез – актерот Бен Афлек кој што го признал тоа во едно од своите последни интервјуа.
48-годишниот Бен се прашува каде неговата поранешна партнерка го крие својот извор на младоста и зошто изгледа идентично како и во 2003 година.
„Мислам дека има добра работна етика, се восхитував и бев воодушевен од нејзината посветеност на работата и сериозноста, со кои што ги постигнуваше своите цели. Откако ќе ги постигнеше, ќе се вратеше на работа и дупло ќе вложуваше. Таа е најголемиот работник кој сум го запознал во животот. Многу е талентирана, но покрај тоа таа работеше многу и на себе и на својот личен успех така што среќен сум поради неа и нејзиниот изглед зошто целиот труд конечно ѝ се исплатеше“, заклучил Бен.
По раскинувањето со латино дивата, Бен се венчаше со колешката Џенифер Гарнер со која што има три деца, а со која се разведе во 2018 година.
Лопез се венчаше со Марк Ентони со кој ги доби близнаците, а потоа се разведоа во 2013 година, но останаа добри пријатели…
Преземено од Точка