Македонскиот селектор и капите на ракометната репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список со играчи од кои ќе биде избран тимо со кој ќе настапи на Европското првенство кое во јануари следната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија. На списокот се наоѓаат 35 ракометари.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) неодамна донесе одлука, настап на ЕП да им биде дозволен само на вакцинирани ракометари. Поради ваквата одлука на ЕХФ, од списокот отпаднаа ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски како и ракометарот на Вардар, Давид Савревски.
Репрезентацијата на Македонија ќе иогра во група А заедно со Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите ќе се одиграат во „Фоникс Арена“ во Дебрецен, Унгарија.
Распоред на натпревари: 13.01.2022 Словенија – Македонија (18:00 часот), 15.01.2022 Македонија – Црна Гора (18:00 часот), 17.01.2022 Македонија – Данска (20:30 часот)