Владата на Нов Јужен Велс се грижи да обезбеди храна за илјадници животни кои бегаат од подражјата зафатени од пожарите. Официјални лица информирата дека од хеликоптери биле фрлени над 1.000 килограми слатки компири и моркови низ различни делови на земјата минатата недела.
„Снабдувањето со дополнителна храна е една од клучните стратегии што ги користиме за преживување и закрепнување на загрозените видови“, велат надлежните.
Речиси половина милијарда животни се погодени од пожари само во Нов Јужен Велс, со милиони потенцијално мртви, тврдат еколозите на Универзитетот во Сиднеј. Оваа бројка вклучува птици, влекачи и цицачи.
Вкупниот број животни погодени во Австралија може да достигне дури и милијарда, смета екологот на Универзитетот во Сиднеј, Кристофер Дикман. Владата планира да обезбеди дополнителни резерви на храна сè додека природните извори на храна и водата не се обноват во погодените области.