Вучиќ: Со намалување на изборниот цензус од 3 проценти ќе се врати „живовотот во собранието”

По најавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за намалување на изборниот цензус на престојните пролетни парламантерна извори во Србија се разви полемика околу оваа идеја.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, весникот Политика повикувајќи се на извори од власта викендов објави дека „во Србија може да се очекува намалување на изборниот праг за влез во парламентот од сегашните пет проценти на три проценти” со што според пресметката се покажува дека, „со излез од три милиони избирачи, за влез во парламентот ќе бидат доволни само 90.000 гласови, наместо досегашните 150.000.”

Синоќа и самиот претседател Александар Вучиќ, на ТВ Пинк изјави дека се „залага за намалување на изборниот цензус на три проценти, поради тоа што на „тој начин ќе се преслика јавното мнение во собранието.”

-Животот ќе се врати во парламентот, со што ќе се врати нормалноста во Србија, кажа српскиот претседател.

Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека со намалување на цензусот се загрозуваат правата на опозицијата.

-Овој предлог ја боли опозицијата бидејќи е јасно дека никаков бојкот нема да им успее…а намалувањето на цензусот оди на штета само на власта, изјави Вучиќ, додавајќи дека „изборите ќе се одржат во уставниот рок, но нема да се одржат на 3 мај.”

Со подршка на оваа идеја денес се јави коалициониот партнер на Вучиќ, лидерот на Социјалдемократската странка на Србија и министер за трговија и телекомуникации, Расим Љаиќ, кој за РТС изјави дека ова ќе биде „мотив за помалите партии да излезат на избори за да влезат во собранието, бидејќи цензусот од 5 проценти им е недостижен.”

– Дали ова ќе биде мотив за повеќето партии, не можам да зборувам во нивно име, кажа Љајиќ на прашањето дали намалувањето на цензусот ќе влијае на партиите кои најавија бојкот на изборите.

Со коментар денес се јави опозицијата, преку претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) и претседавач со Сојузот за Србија (СзС), Драган Ѓилас, кој оцени дека за Александар Вучиќ, граѓаните се само одечки проценти и дека тоа е неговиот „план за закрепнување” на Србија.

-Не е важно кои се тие луѓе, важен е само бројот, изјави Ѓилас, додавајќи дека „ние, сите заедно, имаме уште многу малку време да го запреме во она што го има намерено и заедно да се изборима за фер избори во кои оваа и другите идеи на Александар Вучиќ ќе ги направиме да бидат дел од грдата историја. Земјата ја даде во бесцение, сега ги дава и луѓето”, изјави Ѓилас.

Во анализата на идејата за намалување на изборниот цензус, ДВ оцени дека власта сака да ја привлече опозицијата да отстапи од бојкотот и дека се обидува да воведе таканаречена „контролирана” опозиција во парламентот.

Директорот на истражувачкиот центар Демостат, Зоран Пановиќ, за ТВ Н1 оцени дека претседателот Вучиќ чувствува некаков вид непријатност, и се обидува во последните моменти од предизборната криза да напарви еден вид маневар за да ја одоброволи опозицијата да излезе на гласање.

-Ние од 2016 година имаме влошување на ситуацијата во Србија и ова е секако кулминација на сето тоа. Опозицијата, пред сè СзС, сака со своите постапки да каже дека оваа власт не може да направи избори. Тоа е тактика која дава одреден ефект, затоа што доколку не постоеше бојкотот, немаше да се спушти прагот од пет на три проценти, наведе Пановиќ.

Треба да знаете
Последни објави