Иранскиот амбасадор повикан во Форин офис

Иранскиот амбасадор во Лондон Хамид Баеидинеџад е повикан во Форин офисот за да му се пренесе острото противење на Велика Британија поради кусото задржување во притвор на британскиот амбасадор во Техеран.

– Во прашање е неприфатливо прекршување на Виенаската конвенција и тоа мора да биде истражено, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој дополни дека Лондон ќе побара од иранската Влада во целост да се обврзе дека такво нешто нема да се повтори.

Британскиот амбасадор Роб Мекер беше приведен во саботата пред Универзитетот Амир Кабир, по што мина неколку часа во притвор поради „поттикнување антивладини протести”.

Околу 1000 лица протестираа во саботата во центарот на Техеран барајќи оставка од иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи. Мекер изјави дека не учествувал во протестите.

Треба да знаете
Последни објави