ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека останува заглавена во нивната груевистичка матрица.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, нема промени. Единствено што нудат е обнова на режимот, заштита на криминалот и беззаконието и продолжуваат да бидат узурпатори на институциите во обид, се вели во соопштенеито на СДСМ како реакција на прес конференција која ја одржа Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ е радикална партија, која е закана за мирниот живот на граѓаните.
Наспроти негативната кампања која ја тераат, СДСМ продолжува во насока на обезбедување на сигурност, безбедност и целосен сервис за сите граѓани на нашата татковина.
Граѓаните да не се грижат, институциите се во сигурни раце.
Притисоци, закани и уцени се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и партизираните институции во нивно време.
И измислениот случај за наводни притисоци од советникот на министерот за земјоделие е само уште еден обид на ВМРО ДПМНЕ да го заштити криминалот.
Снимката единствено потврдува укажување и советување до лицето од разговорот, да ја врши својата работа согласно законот.
Интересот на граѓаните и на земјоделците бил и останува да биде врвен приоритет на СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Потврда за тоа се бројните реформи и проекти кои беа реализирани во изминатите три години.
СДСМ преку ресорното министерство покажа што значи вистинска грижа за земјоделците.
Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ останува осамено и изолирано, но и спречено од страна на институиите да прави злоупотреби и криминал.
Со таквата понуда ВМРО-ДПМНЕ нека се спремат за тотален пораз на 12 април.
Граѓаните нема да имаат дилема за кого да гласаат на престојните избори, на 12 април тие ќе потврдат дека сме на прав пат и нема да дозволат враќање на режимот.