Претставници од Министерството за транспорт и врски денеска имаа состанок со градоначалникот Митко Јанчев и службите од општината Кавадарци. Од кабинетот на Јанчев информираа дека на состанокот е потпишан договор за изработка на стратешка документација, за подигање на нивото на безбедност во сообраќајот во градот Кавадарци.
– Во наредниот период се планира да се формираат и работно тела за изготвување на стратегија за безбедност и Општински Совет за безбедност на сообраќајот, во Општина Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на сообраќајната безбедност во општината.