Рангник доби работна дозвола, но мечот со Арсенал ќе го гледа од трибините

Англиските власти му дадоа работната дозвола на новиот тренер на фудбалскиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Ралф Рангник. Германецот Рангник кој во понеделникот беше претставен како наследник на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер на кого му беше врачен отказ на „Олд Трафорд“ поради слабите резултати, сепак нема да седне на жешкото столче кај Манчестер јунајтед на вечерашната дерби (21.15 ч.)

Пресметка со Арсенал во рамките од 14. коло што ќе се одигра на „Олд Трафорд“. Екипата ќе ја предводи Мајкл Керик, кој по заминувањето на Солскјер беше времено решение.

Германецот ќе го проследи мечот со Арсенал од трибините, а ќе се пресели на клупата в недела на мечот со Кристал Палас.

Треба да знаете
Последни објави