Данска не ја мина и Унгарија, па ќе чека помош од Исланд за да не и се случи сензација

Еден од фаворити за освојување на златниот медал на 14. Европското ракометно првенство  Данска ремизираше со Унгарија (24:24) и неизвесно е дали ќе се пласира во следната фаза. За место во втората фаза Данска ќе мора да ја совлада Русија во последното коло од групата Е, и да се надева дека Унгарија ќе загуби од Исланд, за да небиде сензацијата комплетна, откако Франција доживеа елиминација. Хрватска  во А групата ја победи Србија (24:21), а Шпанија ја прегази Холандија (36:25) во меч од Ц групата.

Во Малме, каде Данска како да играше дома не ја искористи предноста од трибините против  Унгарија. Двете селекции имаа свои пет минути, а резултаските предност беа на двете страни, во финишот репрезентациите велегоа со резултаска неизвесност. Данците го имаа последниот напад за победнички гол. На располагање имаа речиси цела минута, но Хансен не успеа да погоди, а Унгарците не стигнаа да организираат напад за да казнат. Браминг даде шест за Данска, а Балог седум погодоци за Унгарија. По две кола во групата Исланд е прв со четири бода, Унгарија има три, Данска само еден, а Русија е елиминирана без бодови.

Србија по двата порази го одигра најдобриот меч на ЕП прптив традиционалниот ривал Хрватска, но не го победи. Србија на полувремето замина со преднсот од 10:8, а Хрватите беа подобри во завршницата и на крајот победија со 24:21. Во групата А, Хрватска со шест бода е прва, Белорусија е втора со четири, Црна Гора има два, Србија остана без бодови.
Шпанија ја растури Холандија со 36:25. и заврши како првопласирана во групата Ц со шест бода. Пласман во втората рунда обезбеди и неубедливата Германија со четири бода, Холандија има два, а Летонија е без бодови.

 

 

Треба да знаете
Последни објави