Најмалку шест лица погинаа, а 16 се повредени откако на средина од улица во Кина се отворила огромна дупка во која пропаднал автобус и неколкумна пешаци.
Инцидентот се случил синоќа пред болницата во Џининг, главниот град на провинцијата Кингхаи, јави Би-Би-Си.
На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила дупка на улицата. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот, што, исто така, пропаднал во неа.
Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица биле во автобусот кога дошло до оваа трагична несреќа.
Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиицте и патиштата во оваа земја настануваат заради честите и неадекватни градежни работи.