Турското обвинителств издаде налог за апсење на 176 војници под сомнение дека се поврзани со мрежата на Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека стои зад обидот за пуч пред три и пол години, јави државната новинска агенција „Анадолија”.
Меѓу оние на кои им се заканува апсење се 143 поручници, од кои 97 се уште се на должност и 33 помлади поручни лица, од кои 11 се уште се на должност. Апсење им се заканува и на шест пилоти на авиони Ф-16.
Полициската акција против осомничените била координирана од западниот град Измир и насочена во 49 провинции, според Анадолија.
Ѓулен негираше каква било вмешаност во неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година, во кој загинаа околу 250 луѓе.