На маратонската седница, што заврши синоќа на полноќ, општинскиот совет на Хиос едногласно ја отфрли одлуката на грчката Влада за изградба на нов затворен центар за бегалци и мигранти на островот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, општина Хиос останува на првичниот став, на островот да постои само еден центар со капацитет да прими 500 лица и да биде само за регистрација и идентификација на бегалците и мигрантите.
На состанокот присуствувал и заменикот министер за труд и пратеник од Хиос, Нотис Митаракис кој на присутните детално им објаснил дека само со затворање на постоечкиот камп и отворање на нов центар би се реши, на одржлив начин, проблемот на островот.
Според официјалните податоци од грчката влада, на Хиос, заклучно со 12 јануари 2020 има 6.056 бегалци и мигранти, а во постоечкиот прифатен центар со капацитет од 1.014 места се сместени 5.759 лица.