Тачи: Прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, партија која партиципира во Владата во емисијата „ClickPlus” на ТВ21 истакна дека чувствува дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ.
„ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер“, рече Тачи.
Тој во емисијата Клик плус тврдеше дека лидерот на најголемата опозициска партија му испратил посредник од странска држава за да го убедува да соработува со нив.

Стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година ВМРО-ДПМНЕ беше западно ориентирана, насочена кон ЕУ, а денеска не ја познавма таа политичка партија како таква, додаде  лидерот на ДПА.

Лидерот на ДПА рече дека лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети соработуваат против него и упати сериозни обвинувања за почитичката партија Алтернатива. Рече дека таа партија која се финансира од сомнителни извори, нешто од Турција, нешто од Иран.

-Земети ги анализирајте ги прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива. Тие се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани од Иран, вели Тачи, кој напомена дека државата е нема во односот на начинот на финансирање на Алтернатива.

 

Треба да знаете
Последни објави