Манекенката Џиџи Хадид изненади со одлуката да го следи судскиот предмет против холивудскиот магнат Харви Вајнштајн, појавувајќи се меѓу кандидатите за поротник, пишува списанието „Тајм”.
Хадид живее во Менхетн и добила повик, заедно со стотици други жители на овој дел од Њујорк, да се јави на првичните сослушувања.
Убавата 24-годишна манекенка ја исполнила својата општествена должност и дошла во судската сала.
Пред судијата, кој раководи со процесот на избор на судските поротници, Џиџи Хадид признала дека во минатотот се среќавала со Харви Вајнштајн, исто како и актерката Салма Хајек, која веројатно ќе биде меѓу сведоците во предметот.
-Способна сум на фактите да гледам без предрасуди, објасни Хадид во судот.
Влијателниот поранешен сопственик на голема продуцентска куќа во Холивуд, Харви Вајнштајн, е обвинет од над 80 жени за различни сексуални напади. Две од потешките обвиненија се однесуваат на силување, што може да му донесат казна доживотен затвор.
Тој негира дека ги извршил.
Селекцијата на поротници е долга, а обвинението и одбраната се борат да ги отфрлат оние кои им се чинат неподобни.
Судијата во предметот изјави дека засега 108 од повиканите 360 њујоркчани ја минале првата проверка.
Поротата ќе има 12 члена, а во моментов не се знае дали Џиџи Хадид може да влезе меѓу нив.