Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека владата размислува Биг Бен да заѕвони на 31 јануари, денот кога Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија.
Ѕвоното тешко 13,7 тони е тивко од 2017 година, кога започна реставрацијата на кулата Елизабета во којашто се наоѓа и кое ѕвонеше само за новогодишните празници, пренесува „Ројтерс“.
Џонсон рече дека еден од главните проблеми е тоа што ѕвонењето на 31 јануари во 11 часот по локално време може да чини 500.000 фунти.
„Работиме на планот граѓаните да не платат ниту цент за ѕвоното на Биг Бен“, рече Џонсон во интервју за „Би-би-си“.